8.474 Албанци добиле одобрение за нивните барања за бугарско потекло од почетокот на 2015 година до 7 јули 2021 година.
„Албанците се на петто место меѓу странците кои ги препознаваат своите бугарски корени“, пишува Бугарскиот портал Сега.бг .
Пред нив се само граѓаните од Северна Македонија, Украина, Молдавија и од Србија, покажуваат податоците на Државната агенција за Бугарите во странство (ДАБЧ), доставени до Сега, според Законот за пристап до информации од јавен карактер, пренесе Вечер. На дури 41.855 Македонците од Државната агенција за Бугарите во странство се одобрени барања за бугарско потекло во овој период. Во првите пет, освен Албанија и Северна Македонија, се и Србија, Украина и Молдавија. Одобрените барања од нивните граѓани се 8.688, 16.018 и 9.098 соодветно, пишува Сега.