Регистрирани се 19.093 продажби во вредност од 670 милиони евра, 3.712 купопродажби од инвеститор од 226 милиони евра, 683 откупи од страна на државата со вредност од 6 милиони евра, како и 54 продажби на лицитација во вредност од 57 милиони евра.
Месечната закупнина за евидентираните 9.426 закупи во 2023 година била во вредност од 4,284 милиони евра. Лани имало 3.011 закупи на станови, 1.417 закупи на куќи, 3.206 на државни парцели, 1.222 на земјоделско земјиште и шуми, 225 на градежно земјиште, 199 закупи на индустриски објекти, 50 закупи на гаражи…