Амбасадорот на БиХ во Македонија, Драган Јаќимовиќ, оствари официјална посета на Клиничка болница „Аџибадем Систина“ и се сретна со менаџментот на болницата. Целта на посетата беше запознавање со резултатите од работењето, капацитетите и условите на одделите и специјализираните центри.
Амбасадорот Јаќимовиќ ја даде својата поддршка во заложбите на докторите и на целиот менаџмент на болницата да продолжат со напорите во овозможување најдобро лекување за сите пациенти во земјава и регионот и со нив го сподели и своето воодушевување од технологијата што ја поседува болницата.