Ахмети лобира за Петре Шилегов!

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети деновиве се сретнал со главните партиски експоненти во Скопје со цел да обезбеди поголема поддршка и повеќе гласови за кандидатот на СДСМ за Градот Скопје, Петар Шилегов, кој во вториот круг се натпреварува со независната кандидатка Данела Арсовска која е поддржана од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и од коалицијата Алијанса за Албанците – Алтерантива.

Како што пренесува „Слободен печат“ од сигурни извори во ДУИ, Ахмети се сретнал со новоизбраниот градоначалник на Сарај, Блерим Беџети во просториите на општината и од него побарал максимална мобилизација во неговата општина за кандидатурата на Шилегов, бидејќи во Сарај во втор круг ќе се гласа само за прв човек на градот.

Ахмети, вели нашиот извор, се сретнал и со потпреседателот на партијата Изет Меџити од кого го побарал истото. Партиски извори велат дека Ахмети побарал и од партиските структури во Бутел, Гази Баба и Ѓорче Петров да се стават во движење за да се постигне победата на Шилегов.