Ахмети од Липково: Да не се заборават делата на загинатите соборци, туку да се остварат како што доликува

Ние треба да ги направиме реалност сите соништа на загинатите херои. Постигнавме многу, но пред нас има уште многу работа, рече лидерот на ДУИ
Лидерот на владејачката Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, денеска во село Слупчане во Општина Липково,присуствуваше на одбележување на 20-годинишнината од воениот конфликт во државата во 2001 година.

„Пред нас има голема одговорност. Ние треба да ги направиме реалност сите соништа на загинатите херои. Постигнавме многу, но пред нас има уште многу работа да се направи“,

истакна Ахмети, како што пренесуваат дел од медиумите.

Тој нагласи дека ДУИ нама да престане со напорите и ангажманот „во остварување на идеалите на многу генерации, кои се жртвува за подобри денови“.

„Затоа не само на годишнини, туку во секој момент ние се сеќаваме на сите генерации, сите тие загинати соборци, за нивните дела да не се заборават, туку да се оставарат на начин како што доликува“,

изјави Ахмети пред присутните на собирот, меѓу кои и претставници на ДУИ во извршната и во законодавниот дом.

Link with us
Game bài đổi thưởng