АХВ и црногорската Управа за безбедност на храна ќе потпишат меморандум за соработка

Официјализирање на соработката и унапредување на активностите меѓу двете институции, на полето на безбедноста на храната, храната за животни и ветеринарството, но и размена на искуства, договорија на денешниот работен состанок директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски и Владимир Џаковиќ, директор на Управата за безбедност на храна, ветеринарни и фитосанитарни прашања на Република Црна Гора, кој ја предводи делегацијата од оваа институција, која денеска и утре ќе биде гостин на АХВ.

Како што информираат од АХВ, Бабовски ја презентирал организациската поставеност на Агенцијата, состојбата со безбедноста на храната, здравствената заштита и благосостојбата на животните во државава. Претставени биле и приоритетите на АХВ за наредниот период, акцентирајќи ги полињата на соработка со црногорската Управа, за чија реализација, активностите ќе се интензивираат и унапредуваат по потпишување на меморандумот за соработка, што треба да се случи во најскоро време.

Од АХВ соопштија дека стручни лица од Секторот за здравствена заштита и благосостојба на животните, на делегацијата од Црна Гора детално им ја презентирале состојбата со болеста африканска свинска чума во земјава и мерките кои досега се преземани со цел спречување на нејзино ширење, ставање под контрола и прогласување на државава за слободна од оваа болест, за што од нивна страна бил покажан исклучително голем интерес. На средбата, како што се вели во соопштението, тие истакнале дека и Република Црна Гора вложува напори и презема мерки за спречување на појава на оваа болест која е присутна во соседните земји и која претставува сериозна закана за регионот. На состанокот е заклучено дека е неопходна интензивна соработка и размена на искуства на надлежните ветеринарни служби.

tải sunwin sunwin web sunwin.apk mới nhất

sunwin web sunwin.apk mới nhất game sunwin

tải sunwin sunwin tài xỉu tải sunwin

tải sunwin

tải sunwin