АЈДЕ МОЖЕМЕ И ПОВЕЌЕ – Дарувањето крвна плазма највисок чин на хуманост, досега обезбедени 1732 единици, третирани 1431 пациенти

Почитувани,

Овие хумани луѓе се само мал дел од дарителите на ковалесцентна плазма, кои со својата несебичност спасуваа човечки животи во пандемијата. ❤️

На Институтот за трансфузиологија од вкупно 1637 оздравени пациенти, се обезбедија 1732 единици на ковалесцентна плазма за третман на пациентите со најтешка форма на болеста. Во рамките на ковид центрите, вкупно 1431 пациенти се третирани со ковалесцентна плазма на територијата на целата држава. Чест ми е што денеска имав можност да се сретнам со неколкумина од нив и лично да им изразам почит за нивната хуманост.

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека се обезбедени вкупно 1732 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти заразени со Ковид-19, од кои 157 единици се собрани преку аферезна процедура а останантите единици конвалесцентна плазма се обезбедени преку стандардно дарување. Со крвна плазма досега се третирани 1431 пациенти.

Со ваквиот највисок чин на хуманост, граѓаните кои се оздравени имаат можност да им помогнат на тие кои во моментот се борат со коронавирусот.
Преку даруваната конвалесцентна плазма, антителата на оздравените пациенти се користат во сузбивање на болеста кај друго лице со Ковид-19.

Лицето дарител на конвалесцентна плазма треба да има документиран лабораториски доказ дека било болно од Ковид-19, да биде минимум 21 ден без симптоми, по што се прави дополнителен тест за потврда дека нема присуство на вирус.

Потсетуваме дека Институтот за трансфузиона медицина е достапен во секое време и сите оздравени пациенти кои ги исполнуваат условите за дарители, може да се јават за детални информации и закажување во Институтот за трансфузиона медицина, да ја покажат својата хуманост и да помогнат во лекувањето на другите заболени со Ковид-19. ​

Со почит,
Одделение за односи со јавност
Министерство за здравство

Link with us
Game bài đổi thưởng