АЈДЕ НАРОДЕ НАПРАВЕТЕ ДОБРО ДЕЛО: Крводарителска акција по повод Светскиот ден на извидниците, 22-ри февруари

Под мотото „Направи добро дело!“ Сојузот на извидници на Македонија и оваа година за одбележувањето на Светскиот ден на извидниците и роденденот на основачот на извидништвото, Баден Пауел, 22-ри февруари ќе организира крводарителска акција која истиот ден ќе се одржи во Младинскиот центар Матично.

Акцијата ќе започне во 10:00 и ќе трае до 18:00 часот во просториите на старо Матично во близина на општина Центар. Да даруваат крв ќе можат сите граѓани со наполнети 18 години кои се во добра здравствена состојба и имаат желба да направат добро дело.

„Колку што се прославува денот на извидниците во нашата држава, толку се долго се одржува и традиционалната крводарителска акција во организација на Сојузот на извидници на Македонија и Црвениот Крст на Република Северна Македонија. Ве поттикнуваме и вие да се вклучите во нашата кампања #НаправиДоброДело и заедно да создадеме подобар свет. Со цел да инспирираме уште повеќе добри дела, вашите добри дела може да ги објавите на социјалните мрежи користејќи го тагот #НаправиДоброДели и #scoutsmacedonia“, посочуваат од Сојузот.

Извидничкото движење продолжува да биде најголемата организација за деца и млади во Македонија со преку 2500 членови која придонесува во неформалното образование и физичкиот, социјалниот, психичкиот, интелектуалниот и емотивниот развој на децата и младите.

Еве кои се условите за да бидете дарител на крв, линк овде.