АЈДЕЕЕ, НЕМААТ ОПШТИНСКА ЗГРАДА А ЌЕ ГРАДЕЛЕ СТАДИОН, ОВА САМО НА ЗАБЕГАН ВМРОВЕЦ МОЖЕ ДА МУ ТЕКНЕ, ОВА Е ТАА ФОНТАНИ-ФАСАДИ-СПОМЕНИЦИ ЗАБЕГАНОСТ КОЈА ГИ КРАСИ ВМРОВЦИТЕ СО ДЕЦЕНИИ: ФФМ и општина Аеродром ќе градат стадион

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, денес оствари средба со градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски. На состанокот се разговараше за фудбалската инфраструктура во општина Аеродром и можноста за соработка на двете институции во изградба на капитален проект, односно изградба на нов репрезентативен стадион во рамки на „Куќа на фудбалот“ во општина Аеродром.

– Нѐ радува искрената желба и отвореноста за помош и поддршка од општина Аеродром и градоначалникот Муцунски за започнување на еден ваков голем проект. Ова беше првичен состанок, но сигурен сум дека соработката со општината ќе биде одлична. Верувам дека заеднички ќе создадеме услови да започнеме со проект кој ќе биде обележје на едно време. Ние како Фудбалска федерација сме исклучително активни кога е во прашање подобрувањето на фудбалските услови и на тој начин ќе продолжиме и во иднина, изјави Сејдини.

За важноста на спортската инфраструктура за напредокот на спортот во општината зборуваше градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски.

– Фудбалската федерација на Македонија го продолжува континуитетот на квалитетна работа и заедништво, вие сте пример за другите како една успешна федерација може да функционира. Не само заради резултатите на репрезентацијата која ја обедини цела Македонија, туку и за силните напори да го развивате фудбалот на сите нивоа. Наша обврска како општина е да се обидеме да придонесеме за напредок на спортот и фудбалот во општината и токму тоа е целта и на нашата денешна посета на „Куќа на фудбалот“. Инфраструктурата останува засекогаш. Верувам дека таквата политика на Федерацијата ќе трае. Нашата општина ќе помогне во рамки на своите можности да биде вистински партнер во изградба на репрезентативен стадион кој ќе биде гордост на Аеродром и целата држава, истакна Муцунски.

На состанокот присуствуваа и генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски и неговиот заменик, Дрилон Ганиу, како и шефот на кабинетот на градоначалникот Муцунски, Марјан Христов.

Наместо да се зафатат со проблемот на загаденоста па заеднички да учествуваат во изградба на метро, ширење на парното и гасот во Лисиче и Драчево, да го решат проблемот со загаденоста на Вардар, немаат општинска зграда плаќаат кирии, они ќе граделе стадион?!?!?!

sunwin

sunwin tài xỉu

sunwin apk game sunwin sunwin apk

sun win

tải sunwin sunwin club sunwin