Ако решиме да рушиме 50 000 куќи, ќе ни требаат 50 милиона евра само за рушење плус уште 500 милиона евра за пак да им ги изградиме куќите според план затоа што не мислите дека треба да оставиме 100 000 народ на улица без покрив на главата?!

Бесмислена е идејата да рушиме 50 000 куќи дивоградби. Тоа е економска катастрофа за земјата, тие 100 000 народ тие 1 година без куќа нема да можат да работат ќе бидат зафатени со својата трагедија значи ќе изгубиме 20% од работната сила, потоа само за рушење на тие 50 000 куќи ќе ни требаат 50 милиона евра ако се согласиме дека 1000е кошта да срушиш една куќа до темел, потоа откако ќе останат на улица 100 000 народ од кои над пола ќе бидат деца, болни и старци, тогаш ќе треба владата да им помогне и пак да им изгради куќи според план, тоа ќе кошта најмалку 500 милиоба евра!

Тоа е лудило невидено и тоа никоја влада на светот нема да го прифати како можна опција. Затоа за прв пат во нашата историја и СДСМ и ВМРО се согласија дека ова мора да се реши во стилот на Александар кога го пресекол гордиевиот јазол.

Се молат елитистичките новинари и други елити да имаат разбирање за сиромашните и да не креваат хистерија и паника, нема ништо страшно да се случи со овој закон само ќе се превенира една социјална катастрофа за најсиромашните. Затоа што ако се срушат тие 50 000 куќи, токму тие ќе бидат истите кои ќе пиштат и врескаат зошто државата оставила 100 000 народ на улица без покрив на главата, ќе не утепаат со срцепарателни стории со кои ќе земат награди од ЕУ и Мито Хаџивасилев Јасмина а сега има уште две, Никола Младенов и Роберто Беличанец.

Link with us
Game bài đổi thưởng