АКО ВАКА БРОИ КОЗИ ТЕШКО НЕГО – МИЛЕНКО ГИ СПРЕМА ВМРОВЦИТЕ ЗА ПОРАЗ: АКО ОД 60 ОПШТИНИ ОСВОИМЕ 20, МОЖЕМЕ ДА СМЕТАМЕ ДЕКА СМЕ ПОБЕДНИЦИ!

– Од 60 општини во земјава, ако освоиме повеќе од 20 општини можеме да се сметаме за победници и да бараме предвремени парламентарни!

Миленко Неделковски полека ги спрема ВМРОВЦИТЕ за пораз на локалните избори. 20 општини ако не е пораз може да се смета за нерешено, победа е ако освоиш над 50 како што сега има СДСМ.

Од околу 60 општини во земјава околу 20 се албански и турски средини, што значи за пресметка меѓу СДСМ и ВМРО остануваат 40 македонски општини, и таму ако е односот 20 спрема 20 тогаш тоа е нерешено според сите математики, освен ако по некакво чудо ВМРО победи во најголемите градови и општини што нема шанси да се случи на пример СДСМ убедливо води на анкетите во Карпош, Центар, Гази Баба, Кисела Вода, Бутел, Скопје, Куманово, Струмица, Битола, Делчево, Берово, Кочани, Штип, Гевгелија итн итн…

На ВМРО ДПМНЕ му остануваат да победи евентуално во Кавадарци, Илинден, Велес, Прилеп, Охрид, Ѓорче Петров, Аеродром, Свети Николе, Кратово, Пробиштип но и таму ќе се бие тешка битка и ќе биде неизвесно, така што тешко дека ВМРО ДПМНЕ ќе успее да излезат победници на овие локални избори и тоа го знаат во ВМРО ДПМНЕ затоа одат со толку црна пропаганда за челниците на СДСМ, очајни се како ранет лав, свесни се дека ова им е последен политички настап, ќе мора да се тргнат и да дојде нова екипа во ВМРО ДПМНЕ ако сакаат некогаш да се вратат на власт…

Ако вака брои кози тешко него…