Александар Наумоски: Почнавме од нула, реализиравме капитални проекти за сите генерации

Голата политиката е пет минути шоу програма, нам ни треба соживот и заедништво. Задоволен од досега сработеното, но и со ветување за реализација на зацртаните проекти, градоначалникот Александар Наумоски, и кандидат за локалните избори за нов мандат, како што самиот вели, роден ѓорчепетровец, во разговор за „Фокус“ истакнува дека зад себе остава капитални проекти за сите генерации и дека општината прераснала во препознатлива и посакувана средина за живеење.

Фокус: Дали како актуелен градоначалник сте задоволни од сработеното,каква ја затекнавте општината и во каква состојба е сега?

Задоволен сум од тоа како Ѓорче Петров се развива и менува урбано. Позитивизмот за прогрес на општината е постојано присутен, а задоволството од сработеното е релативен збор. Задоволен сум што во овие изминати четири години Ѓорче Петров се најде на инвестициската мапа, на картата на капитални инфраструктурни проекти кои носат подобар економски развој и живот за граѓаните. Но, работа има уште. Секој граѓанин мора да ја почувствува придобивката од данокот што го плаќа кон државата. Посветено работиме на тоа поле. Подеднакво ни се важни сите ѓорчепетровции затоа во континуитет интервенираме согласно капацитетите и можностите. Никој нема да биде изоставен. Веќе четири години живееме во едно поинакво Ѓорче. Апсолвирано е прашањето што затекнавме. Со една реченица, општина на маргините, заборавена, задолжена, без основна инфраструктура, без основни проекти и без визија за прогрес. Стартувавме од нула. Сега, Ѓорче Петров е западната порта на градот со која се најавува урбано Скопје, но сепак секој политичар треба да биде скромен затоа што ние и како луѓе тежнееме кон подобро, а секако како жител на оваа општина постојат уште многу работи кои би ги променил, секако тоа е можно колку што дозволуваат ресурсите.

ФОКУС: Пред четири години имавте обемна програма, дел од проектите се реализирани, но дел не се, што е причината за тоа?

80% од програмата е реализрана. Навистина беше обемна а тоа зборува и за тоа колку е сработено и како рационално се искористени парите на граѓаните. И во услови на пандемија и концентрирање на средствата во здравствени цели, со сите напори, паралелно и подеднакво работевме на сите полиња, инфраструктурата, образованието, социјалата, спортот. Изговори нема. Но “приказната“ не е завршена. Оставаме зад себе 110 реконструирани улици, ново ЛЕД осветлување, спортска сала во ООУ Јоаким Крчоски, Корзо, нова градинка во Волково, нови линии на водоводна и фекална мрежа, подобри услови за спорт и образование. И не е важно колку ќе се стави на хартија што е сработено, туку дали граѓаните ја воочуваат разликата и ги чувствуваат придобивките. Судот е нивен. Сепак општината долго време беше запуштена и навистина требаше да инвестираме во основите потреби на граѓаните, но никој не беше изоставен. Во време на криза сепак успеавме да го подобриме секојдневието на ѓорчепетровци, до успехот се стигнува чекор по чекор.

ФОКУС: Кои се вашите планови за Ѓорче Петров доколку граѓаните повторно ве изберат за градоначалник?

Конкретни решенија со систем на одржливост. Тоа е “клучот“ за успех на наше Ѓорче. Тоа го нудевме пред четири години, а со истото темпо продолжуваме и во наредниот мандат. Нудиме реални проекти кои ќе се реализраат во четири години, а со кои значително ќе се продолжиме да го подобруваме животот на ѓорчепетровци. И оваа програма е базирана врз нивните потреби. Опфатени се сите сегменти на општественото живеење. Тимот со кој работам создаде подлога за натамошен развој на општината. Изработени се низа проекти за развојно Ѓорче. Продолжуваме со изградба на капитални објекти во делот на детската заштита, образование, спорт и социјала. Зелената агенда е наша опција, подобрување на инфраструктурата, економскиот развој. И за овој мандат програмата е обемна, но остварлива. Локалните теми се клетката на општественото функционирање. Затоа тргнавме од најситното за да создадеме “тело“, односно да создадеме целосно функционална општина и подобро место за живеење. Од општина во 21 век до пред неполни четири години во многу населени места жителите беа оставени без канализација, улично осветлување и се „давеа“ во кал по улиците. Да не зборуваме за капитални проекти. Воопшто немаше ниту најава. Во сегашноста, сликата е поинаква, позитивна и тоа се чувствува меѓу моите сограѓани. Јас сум роден ѓорчепетровец, ова е моето место за живеење и тука ми е сѐ. Како граѓанин, имам чувство дека општината е веќе на едно достојно ниво. Како градоначалник, ги уверувам граѓаните дека и натаму ќе се заложувам Ѓорче Петров да го унапредува модернистичкиот дух. Намерата е да ги задржиме граѓаните тука, а истовремено да привлечеме нови жители.

ФОКУС: Постојат бројни критики од граѓаните, на личен, и на професионален план, дали би искоментирале нешто околу тоа?

И кога е позитивна, а особено кога е негативна критиката е секогаш добредојдена. Сите забелешки од граѓаните се коректив за мојата работа. Се разбира, секој има право да коментира и тоа е суштината на демокрaтијата. Ние баравме промени токму затоа што коментирањето и личните ставови беа забранет поим. Во едно вакво време на слобода и транспарентност треба само да ги канализираме коментарите и да се фокусираме на она што е суштинско и за кое вреди да се посвети време и енергија.

ИЗВОР: ФОКУС.МК

tải sunwin

sunwin

sun win

sunwin web tải sunwin apk game sunwin

tải sunwin