АЛИ АХМЕТИ ГО КРЕНА ПЕХАРОТ: ФК Шкендија – шампиони на Македонија за сезона 2020/21

Фудбалерите на Шкендија и официјално крунисани како нови шампиони на Македонија за сезоната 2020/21.

По денешното последно коло од Првата македонска фудбалска лига, Шкендија и официјално го доби шампионскиот пехар, кој им беше доделен од претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини.

Тетовци новата шампионска круна ја прославија заедно со сопственикот Лазим Дестани, а на прославата беа присутни и градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, првиот човек на владечката ДУИ, Али Ахмети, како и претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Link with us
Game bài đổi thưởng