АЛО БАРДОВЦИ, ДАЈ БЕ ПАЗЕТЕ ЈА ТОА ОГРАДАТА ПАК НЕКОЈ ВИ НАПРАВИЛ ДУПКА: Мицкоски се заканува кривично на тие што ќе учествуваат во пописот

Изминатиот период гледаме еден циркус кој што се поврзува со пописот, а не би требало тоа да биде, не знаат ни самите што прават, тргни напред, врати се назад. Така што се создава уште поголема заблуда, недоразбирање и уште поголема недоверба помеѓу граѓаните за статистичката операција која што они треба да ја спроведат, односно за пописот. Така што тие можат да спроведат операција на сила која што ќе ја наречат попис, но таа операција што планираат да ја спроведат, според таа методологија и вака како што ја спроведуваат, можам да кажам дека нема да има абер од попис, и нема да имаат никаква врска со параметрите врз кои Македонија треба да се развива во иднина, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за Македонското радио.

Мицкоски, е дециден дека ќе дојде момент кога директорот на Државниот завод за статистика, но и сите учесници во оваа политичка, а не статистичка операција, ќе понесат кривична и прекршочна одговорност.

-Според она кое што е наш став, и според она кое што е презентираново јавноста, директорот на Државниот завод за статистика треба да знае дека ќе дојде денот кога ќе се соочи со кривична одговорност за ова што го прави, заедно со Зоран Заев. Ова операција ќе биде се, само не статистичка, туку политичка операција и сите соучесници во оваа операција треба да се свесни дека во еден момент некој ќе ги испита нивните потези и ќе повика на кривична одговорност, а кај некои и прекршочна одговорност за тоа што го прават, кажа Мицкоски.

Во истото интервју тој ги нарече фашисти министерот Бојан Маричиќ и другите што ги спроведуваат одредбите од Препанскиот договор.

-Покрај тоа што се криминалци, покрај тоа што се мафијаши, се и фашисти. Со ова само ги потврдуваат нашите тврдења дека станува збор за група која што за жал има фашистички манири, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, запрашан околу наводната забрана за употреба на терминот македонски од страна на Бојан Маричиќ. Според него, единствен начин за да престане оваа состојба во која што денеска живеат граѓаните е да се порази власта.

Link with us
Game bài đổi thưởng