АМЕРИКАНЦИТЕ САМИ СЕ ИСПОТЕПАА, НОВО МАСОВНО УБИСТВО: Тројца убиени и 11 ранети во пукање во Филаделфија

Три лица загинаа, а 11 се повредени во пукање на прометна улица во американскиот град Филаделфија, соопшти полицијата.

„Четиринаесет лица биле застрелани и хоспитализирани. Тројца од нив – двајца мажи и една жена – подоцна починале во болница од повеќе прострелни рани“, изјави инспекторот Ди Еф Пејс од полицискиот оддел во Филаделфија.

Полицијата пристигнала на местото на настанот и „идентификувала неколку вооружени лица кои отвориле оган врз толпата“ во областа „Саут стрит“, прометна улица во Филаделфија.

„Можете да замислите дека на „Саут стрит“ имаше стотици луѓе, како секој викенд, кога почна пукањето“, рече полицискиот инспектор.

Пејс додаде дека полицијата пукала врз еден од напаѓачите, но не прецизираше дали тој е застрелан.

Засега нема уапсени, објавија локалните медиуми.

Инспекторот Пејс рече дека на местото на пукањето биле пронајдени два пиштола, а полицијата ќе ги проучи снимките од камерите на трговските објекти во областа.

sunwin

sun win

sunwin.apk mới nhất sunwin apk game bài sunwin

sunwin web sunwin.apk mới nhất tải sunwin

sun win