Како да и се заканиш на Русија без притоа да ја ескалираш ситуацијата? Ќе го пратиш на ЦНН и сите главни 4 американски телевизии плус Дојче Веле, пензионираниот генерал со 4 ѕвезди што се смета за највисок ранг во американската војска, Дејвид Петреус кој беше шеф на американската војска во војната во Ирак и Авганистан, плус беше и шеф на ЦИА, значи не е било кој, и тој ја имаше честа да му каже на Путин но и на цела Русија што ќе им се случи ако решат да употребат нуклеарки во Украина:
– Во случај Русија да употреби нуклеарно оружје во Украина, САД со НАТО во рок од 92 часа т.е три дена ќе ја уништат целата руска војска во Украина и Црно Море, тоа ќе биде направено со авионско и ракетно прецизно бомбардирање, плус Русија ќе биде прогласена за терористичка земја.
Ова е интересен начин да се прати порака без притоа да се ексалира состојбата затоа што заканата не е официјално соопштена од Пентагон или Белата Куќа или Стејт Департмен или пак Сенатот или Конгресот ниту пак од шефот на НАТО, туку од пензиониран генерал но сите и малите деца знаат дека генералот Петреус не излегува да зборува за ова без притоа да се консултира со Џејк Саливен, шефот за национална безбедност во кабинетот на Џо Бајден.
Сега Русите но и цел свет знаат што ги чека и САД ќе мора да го исполнат ветувањето и заканата инаку ќе излезе дека блефираат и понатака секој ќе може во светот да прави што сака мислејќи дека САД се немоќни и плашливи и тоа ќе биде страшно за САД и светската безбедност и сите нејзини сојузници како Израел, Саудиска Арабија, ЕУ, Тајван, Јапонија, Јужна Кореја, Косово, Босна, Грција, Кипар и останати точки во светот кои ги штити американската војска од инвазија на соседите, кои само чекаат прилика да ги нападнат.