Американскиот универзитет на Европа ФОН ги започнува уписите за академската 2021/2022 година

Запиши се!
АУЕ-ФОН оваа академска година нуди систем на рано пријавување за Прв циклус на студии.

Школарината за упис изнесува 1350 евра или 4500 евра во денарска противредност за странски студенти за една академска година. Уплатата може да се изврши еднократно со 5% попуст, на две рати по семестар или 12 месечни рати преку Халк Банка.

Документи за упис, кои е потребно да ги доставите на Универзитетот се:
– Свидетелства од I (прва), II (втора), III (трета) и IV (четврта) година од средно образование;
– Додаток на сведетелство;
– Диплома за завршено средно образование со положена Државна, односно Меѓународна матура;
– Извод од матична книга на родените;
– Уверение / Решение за државјанство;
– Уплата на првата рата од школарината;
– Две фотографии и
– Потврда за уплатени 800,оо денари семестрални трошоци.

Кандидатите кои се странски државјани се запишуваат на студии под исти услови. Кандидатите кои средното образование го стекнале во странство треба да имаат решение од Министерството за образование и наука за признавање на образовна квалификација стекната во странство (нострификација). Кандидатот ги доставува и документите врз основа на кои е извршено признавањето, во оригинал и нотарски заверен превод на македонски јазик. Странските државјани кои за прв пат се запишуваат на прв цилкус студии на македонски јазик, односно албански или англиски јазик доставуваат и потврда за познавање на јазикот на ниво најмалку Б2. Во случај кандидатите кои се странски државјани да не поседуваат потврда за познавање на јазик, истите можат да се запишат само на Програмата за јазична и академска подготовка или испитот за јазична проверка да го полагаат на АУЕ – ФОН.

За повеќе инфо тел: 076225544, маил: upisi@aue.edu.mk

Link with us
Game bài đổi thưởng
    Còn coppy thì link seo vẫn con wwxx d ahihih Còn coppy thì link seo vẫn con housw wife ahihih