АНАЛИЗА НА ФОКУС – БРАТУЧЕДИТЕ СЕ ЗАБОРАВИЛЕ ВО КРАДЕЊЕТО: ОСВЕН МЕРИОТ, МИЈАЛКОВ СТЕКНАЛ И ЦЕЛА ЗГРАДА ОД 2000 КВАДРАТИ ДЕЛОВЕН ПРОСТОР СПРОТИ КЈУБИ МАКЕДОНИЈА!

Чуварот“ на трите стана на Груевски „чува“ и цела зграда за Мијалков?

Станува збор за објект со површина од скоро 2 илјади квадрати во сопственост на „ССИ Инвестмент“, која е регистрирана на иста адреса со фамозната „СГС“, а своевремено подигнала кредит со помош на „Бест Беј“ на Мијалков.

Судскиот процес „Плацеви на Водно“ доби неочекуван тек по сведочењето на бизнисменот Орце Камчев дека за поранешниот премиер Никола Груевски се чуваат 3 ексклузивни стана во комплексот Панорама, како замена за плацевите на Водно што се споменуваа во „бомбите“.

Инаку, споменатите станови се во формална сопственост на компанијата формирана во 2010 година „ССИ Инвестмент“ во сопственост на зетот на Камчев – Мето Стојчевски, кој, исто така, сведочеше дека трите стана му ги чувал на Груевски и дека, како што рече, не ги чувствувал за свои.

Воедно, Стојчевски на рочиштето спомена и зграда во центарот на Скопје, која, исто така, е во сопственост на „неговата“ „ССИ Инвестмент“, меѓутоа, истакна тој, и оваа зграда не ја чувствува за своја. За која зграда станува збор и со кого се поврзува?

ПАРЦЕЛА ОД 500 КВАДРАТИ

Се работи за објект во строгиот Центар, спроти зградата на „Виена Осигирување“, или позната како ЗОИЛ.

Податоците од Катастарот на недвижности покажуваат дека парцелата е со површина од над 500 квадрати, додека објектот на 3 ката има внатрешна површина од скоро 2 илјади квадрати.

Целата анализа на ФОКУС.МК