АНАЛИЗА НА НАСТАНИТЕ ВО КОСОВО: ЗАМИСЛЕТЕ МВР ДА ПРАВИ РАЦИЈА ВО ТЕТОВО И АЛБАНЦИТЕ ДА ПОЧНАТ ДА ФРЛААТ СО КАМЕЊА ПО ПОЛИЦИЈАТА И ЕДИ РАМА ДА СЕ ЗАКАНИ ДЕКА ЌЕ ПРАТИ ТЕНКОВИ ВО ТЕТОВО?!?!

Апсурдни се настаните во Косово а уште по апсурдни се известувањата на македонските медиуми и реакциите на македонската јавност.

Замислете МВР да отиде да прави рација во Тетово или Гостивар за да најде некои криминалци и тамошното население да се крене на нозе и да ги нападне со камења полицајците? И кога полицајците ќе се обидат да воведат ред и да се бранат, да рипне Еди Рама да се закани дека ќе прати тенкови и авиони во Тетово и Гостивар за да го заштитат албанското население?!

Тоа што го прави Вучиќ е класика на политиката на Милошевиќ кој во 90-тите правеше војни така што праќаше српска војска и доброволци да бранат и штитат Срби во Хрватска и Босна и Херцеговина и на Косово и така предизвика неколку војни кои на крај иронично најлошо се одразија и врз самите Срби кои требаше да бидат одбранети.

Излезе дека бранењето со оружје и војна е лоша идеја да одбраниш некого па на крај Србите беа протерани од Хрватска и од Сараево и од Приштина, значи над пола милион Срби беа протерани од своите вечни огништа поради лошата политика на Милошевич кој се решаваше со оружје за него дипломатијата беше небитна и неспособна да решава проблеми, се беше решавано со тенкови и тешка артилерија и со пешадија и доброволци.

И сега Вучиќ цели 30 години по настаните во 90-тите оди по стапките на Милошевиќ и Шешељ чиј што гајбоносец беше и тогаш…

Што ако по оваа логика се кренат АЛбанците во Бујановац, Медвеѓа и Прешево во Србија? Или Бошњаците во Санџак во Србија? Или Унгарциге во Војводина, Србија? Мисли ли со својата дебела и празна лејка Вучиќ? Или СРБИ СУ НЕБЕСНИ НАРОД, за нив важат други правила и закони, сите други се лебарки безвредни второ разредни.

Ако вака се решаваа проблемите со малцинствата на Балканот, тогаш Балканот ќе беше осуден на вечна илјадагодишна војна, за среќа не се сите забегани како Вучиќ и неговите симпатизери и фанови.

Во 2021-ва да се грижиш за свое малцинство со закани за војна тоа само психопат може да го прави кој нема две чисти за тоа што е државник и одговорност на еден лидер на една земја кој треба да мисли на економијата безбедноста и просперитетот на балканот како регион. И пазете сето ова после неколку години иницијатива ОТВОРЕН БАЛКАН?!?!

Да се закануваш со војна на балканот а уште се копаат убиените од масовните гробници по Босна, Хрватска, Косово, Србија од војните во ЕКС ЈУ, треба значи да си тешка џукела, имбецил, кретен од најтешки размери, душевадник кој им ја руши иднината на милиони Балканци кои решиле да останат и да не заминат на запад, се уште…

sunwin sunwin web sunwin club

sunwin club

sunwin.apk mới nhất

sunwin tài xỉu sunwin tài xỉu sunwin club

sunwin