АНАСТАСОВ: Денес во посета на општина Пробиштип беше директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски на увид на проектите кои ги финансира Агенцијата

✔️Изразив благодарност до Агенцијата за финансиска поддршка и рурален развој, што даде поддршка, но и ја препозна важноста на проектите што ги аплициравме.
При што истакнав дека општината за прв пат доби средства за три капитални проекти на еден повик со вкупна вредност од 52 милиони денари.
ℹ️Спомен паркот Братство и единство, чијашто реконструкција е во тек е со над 70% изведени работи и веќе напролет нашите сограѓани ќе ги користат реконстуираните но и нови содржини за рекреација и спорт кои ги нуди спомен паркот.
✔️Во тек е и реконструкцијата на Кино салата „Злетовски рудар“, која што после долги години нефункционалност ќе се стави во функција,
✔️Третиот проект којшто општината го реализираше преку Програмата за рурален развој, е реконструкцијата на патниот правец од Пробиштип до населено место Стрмош, којшто целосно се заврши и веќе е во употреба, бенефитите од овој пат директно го чувствуваат граѓаните во населеното место Стрмош.
?Секако ќе напоменам дека општината продолжува со изготвување на проекти и апликации и веќе се подготвуваме и за следниот повик од Агенцијата со нови проекти.

Link with us
Game bài đổi thưởng