ℹ️ Со вчерашната последна контрола од страна на комисија од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој со која е констатирано дека сите позиции и фази се завршени, и официјално е завршен проектот за реконструкција на Кино салата “Злетовски рудар”.
Финансиската поддршка за овој проект изнесува 1️⃣7️⃣ милиони денари обезбедени преку Агенцијата и 3️⃣ милиони за ДДВ обврска на општината.
✅ Општина Пробиштип доби функционална кино сала со капацитет од 360 посетители и веќе од месец март ќе следуваат и првите културни настани.
✅ Особено ми е драго што конечно по една деценија ја вративме можноста за одржување на културни настани во нашата општина, со ставањето во функција на кино салата, но и на минеролошката збирка Домот на култура “Злетовски рудар” веќе ја доби својата целина и останува на службите, но и на невладините организации како граѓански здруженија максимално да го искористат инфраструктурниот потенцијал кој им е на располагање.