ℹ️ Општина Пробиштип по трети пат ја одржа манифестацијата Спортист на годината, согласно спроведеното гласање од спортските работници и граѓаните врз основа на одредените критериуми ги избра најдобрите меѓу најдобрите, и тоа во категоријата спортист за 2021 година кој се натпреварува во општина Пробиштип е избран младиот и надежен одбојкар Стојче Арсов, во категоријата спортист кој се натпреварува надвор од рамките на нашата општина е фудбалерот Ангелче Тимовски, а за најуспешен клуб е избран Вадо Карате До Унија.
➡️ Покрај ова општината одвои награди и за млади и надежни спортисти, како категорија која ја воведовме од оваа година.
➡️ Општина Пробиштип за претстојната 2022 година ја усвои програмата за спорт со буџет во висина од 2.150.000 денари, што воедно претставува и највисок буџет кој е одвоен за спортот во нашата општина.
? На сите номинирани и наградени им честитаме и посакуваме да достигнат уште поголеми успеси во иднина.