Не паметам на препорака на Антикорупциска да бил разрешен некој носител на функција, иако се поднесени неколку претставки и иницијативи. Нури Бајрами поранешен потпретседатело на Комисијата за спречување на корупција, а сега член, вели дека покрај отворениот голем број на предмети, завршница нема од страна на надлжените инстуции. Како што вели, нивната работа е превентивна во борбата против корупцијата и може само да укажуваат каде има непочитување на законите.
Најмногу, вели Бајрами се крши законот со вработувањата во јавниот сектор и назначувањето на лица на раководни позиции. Вели дека и ден денеска нема јасно законско решение за вработувања во јавниот сектор.
„Нас ни се случи едно лице, на истиот оглас да се изјасни Македонец, Албанец и Ром. И во другите огласи исто така. Онаа политичка волја која се претвори во законска одредба во однос на соодветна и прачична застапеност, става алатка за понижување. Значи, тераш луѓе да лажат за нешто најосетливо за нив, за да можат да се вработат. И никој веќе не се бави со тоа“, вели Нури Бајрами.
Бајрами вели дека кога политичката волја е преточена во закон мора да се испочитува, но како што вели подобро е Балансерот за правична застапеност да се укине, отколку да се понижуваат луѓето на овој начин. Тој вели треба да се донесе ново законско решение за вработувања, пред се преку МЕРИТ систем.
Голем проблем воедно е злоупотребата на вработувањата преку приватни агенции и како што вели се наградуваат партиски активисти со директорски позиции без да има било каква проверка и постапка.
„Предлогот е дека, и прифатен, наша препорака, наше барање, наша главна забелешка е да нема тој начин на пополнување на работни места да се укине од законот за вработување во јавниот сектор..“, додаде Нури Бајрами.
„Договорот на дело не постоело никогаш и го нема, вработување преку приватни агенции…А, договорот на дело не, договорот на дело се прави незаконски секогаш. Само во овој закон што го оставија, во трансформација во редовен работен однос, по мене тој е противуставен и е во коализија со други закони и не треба да го има. Тој закон не треба да го има, бидејќи 1 осто од вкупниот број вработени можеш, а од друга страна не е предвидено во членот 22 од законот за вработување во јавниот сектор. Апсурд! Коализија на закони.„!“, посочи Нури Бајрами.
За 20 години, колку што постои Антикорупциска, само 3 постапки завршиле на суд. Колку за споредба, од страна на комисијата за овој период биле покренати 190 постапки за утврдување на кривична одговорност.