Артан Груби со порака до „комитите“: За такво однесување нема место во нашето ново општество

Артан Груби, првиот вицепремиер во новата Влада, вчера им порача на навивачите на Вардар дека за нивното однесување, како што вели тој, нема место во новото општество.

Ваквата реакција на министерот за политички систем следи откако Вардар вчера во македонското фудбалско првенство го совлада најлутиот градски ривал Шкупи со 1-0, а стотина „комити“ кои поради мерките против коронавирусот не можеа да присуствуваат на натпреварот, навиваа пред јужната трибина од националната арена за време на натпреварот во Скопје.

„Говорот на омраза и денешното гневно навивање на младите среде Скопје е за секоја осуда. Такво однесување нема место во нашето ново општество, рамноправно општество за сите, со евро-атлантски вредности. На индоктринацијата на младите и етничката нетолеранција им е истечен рокот“, напиша Груби на Фејсбук по некое време откако заврши мечот.

Груби не е омилен кај „комитите“ откако се испостави дека лани овозможи прослава на навивачите на „Шкупи“, познати како „шверцери“, во Македонскиот народен театар. Генералниот секретар на ДУИ подоцна изјави дека „дивеење било тоа на 27 април во Собранието, а не тоа на навивачите во МНТ“.

sunwin club

sunwin

sunwin.apk mới nhất sunwin sunwin

sunwin

tải sunwin