Атанас Костовски за „Фокус“: Против Украина ќе се покаже дали заслужено сме на ЕП!

Легендарниот спортски новинар, Атанас Костовски, во разговор за „Фокус“ го анализираше вчерашниот натпревар помеѓу Македонија и Австрија, кој за жал го загубивме со 3-1. Сепак, шансата се уште постои и мора против Украина да се нападне жестоко.

„На тој нареден натпревар мора повеќе да мислиме на противничкит гол, отколку на својот. Не треба многу да му ја мислиме и треба храбро да ги нападнеме Украинците. Сметам дека вчерашните измени беа показател дека селекторот сакаше да ги одбрани тие 1-1, но, не успева тоа секогаш. Тука пресуди долгата и квалитетна клупа на Австрија. Мораше да внесеме офанзивен фудбалер, но, ете научивме сега како“, вели Костовски.

Според него, треба на мечот со Украина повеќе да веруваме во себе и со поголема самодоверба да пристапиме на тој дуел.

„Украина е физички добро подготвена репрезентација. Добро се движи на терен, има неколкумина квалитетни поединци. Мислите не треба да ни бидат толку кон дефанзивата, туку треба да се исчекори напред, кон противничкиот гол. Тоа ќе ни биде вистински испит“, додаде нашиот соговорник.

Link with us
  • go88 go88vn club game go88 lừa đảo
  • choi game rikvip truc tuyen tải rikvip choi game rikvip
  • rikvip truc tuyen rikvip
Game bài đổi thưởng