Атиџе моли за помош, бара спас од насилниот сосед, градоначалникот на Лозово во мировна мисија

Ве молам помогнете ми некако, многу сум ислашена и вака веќе не можам да живеам, моли хероината на „Медена земја“, Атиџе Муратова, преку порталот ММС.мк, која со години има проблеми со соседот.

– Досега ми направил многу штета, но сега решив јавно да проговорам бидејќи ми е страв од него. Колку е постар толку е поневозможно да се комуницира со него. Ми го бутна ѕидот каде што ја чувам кравата, за да ми избега. Го прашав зошто го правиш ова. А тој скокна кон мене да ми вика, јас многу се исплашив. Еден ден ќе ме убие и никому ништо – вели Атиџе која додава дека се јавила и во полицијата во Свети Николе.

Таа вели дека го пријавувала соседот во полиција досега многу пати, но дека полицијата доаѓала и само го опоменувала.

– Не се живее веќе вака во страв. Апелирам да ми се помогне. Од ден на ден е сѐ полош и полош – вели за ММС.мк, Атиџе низ солзи.

Градоначалникот на општина Лозово Ацо Велковски на својот фејсбук профил информира дека разговарал со Хусеин соседот на Атиџе, хероината од „Медена земја“ и добил ветување дека меѓусоседските односи ќе се подобрат.

Атиџе Муратова вчера преку медиумите побара помош бидејќи соседот и правел проблеми на имотот во село Бекирлија.

„За да помогнам како Градоначалник, денес лично разговарав со нејзиниот комшија Хусеин со кој имаат нарушени меѓучовечки односи , кој моментално беше во село Дорфулија со кој разговарав да се надмине нивниот проблем кога се заедно во село Бекирлија.Во разговор со Хусеин најдовме заедничко разбирање си подадовме рака дека заедно ќе ја смириме целата ситуација и за време на викендов заедно ќе одиме кај Атиџе во с.Бекирлија да се помират меѓу себе и да испиеме заедно пријателско кафе и да живеат како добри комшии“, напиша Велковски.

Тој информира дека животот на Атиџе не е загрозен.

Според градоначалникот, кај Хусеин веќе биле службени лица од Полицијата кои разговарале со него и отишле кај Атиџе за изјава.

sunwin apk tải sunwin tải sunwin apk

sunwin

tải sunwin

tải sunwin sunwin tài xỉu sunwin.apk mới nhất

sunwin apk