Азески: Државата, граѓаните и компаниите мора да почнат да штедат, погрешно е што владата се грижи само за граѓаните а фирмите ги остава сами да се снаоѓаат

Државата веднаш да преземе мерки кои би значеле пресретнување на евентуална ескалација на состојбите што би можело да се случат следната зима, изјави денеска Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески. Тој на денешниот економски настан побара од државата, граѓаните и компаниите да штедат, особено да ја штедат електричната енергија.

Според него, има и сериозни индикации дека има невообичаени движења кај фирмите во делот на трансакциите, особено кај фирмите кои се бават со трговија и оти можно е да има инфлаторен притисок од таа страна. Затоа, според него, потребни се контроли кои ќе бидат во таа насока да се направи обид да се спречат определени процеси кои можат да влијаат на севкупната економија.
Тој денеска изјави дека државите мерки се насочена кон граѓаните, но не и кон компаниите.

„Чувствуваме дека Владата е насочена кон граѓанството, не кон фирмите, мислиме дека тој пат не е добар, да не речам погрешен и треба да има корекција. Мора да се задржи економската активност затоа што без тоа со затворање на капацитетите ќе создадеме поголем гап кој во ваква неизвесност која претстои може да биде катастрофален. Државата треба да се одрекне од некои комодитети веднаш и не треба да размислува за никакви алтернативи освен за запрегнување на ракавите и за фаќање во костец со проблемот,“изјави рече Азески во одговор на новинарско прашање.

Пазарната инспекција во битка со „несовесните“ трговци
Според него особено проблематично може да биде порастот на цената на струјата која влијае на работата на компаниите. Државата, односно континуирано сите Влади, како што вели тој, се тие што доведоа до ситуација да немаме доволно сопствено производство на електрична енергија.

„Наместо месо, ќе вариме коски“: страв од нови поскапувања
„Ние имаме дефинирани предлози, бараме намалување на потрошувачката веднаш со директни акти на државата затоа што кај нас не може да се намали нешто со убедување. Државата да најде механизам да ја намали потрошувачката за 10 до 20 проценти, а да го зголеми нивото на производтсво на електрична енергија за 20 отсто. На таков начин би се створил гап од 40 проценти, кој би се употребил за некакво регулирање на цената на струјата што се испрачува кон фирмите, рече Азески.

Смета дека е крајно време да се направи се што е во наша моќ да се пресретнат некои состојби кои ми можеле да се случат следната зима.

tải sunwin

tải sunwin

tải sunwin apk sunwin club sunwin apk

game sunwin tải sunwin apk game sunwin

sunwin club tải sunwin apk sunwin apk