БАЈДЕН – ОВА Е НАЈНОВОТО ЗЛОСТОРСТВО НА РУСИТЕ: Светот згрозен од масакрот на цивили на железничката станица во Краматорск

Голем број високи западни функционери остро го осудија нападот на железничката станица во Краматорск во Украина, во кој, според моментално достапните податоци, загинаа 39 цивили, меѓу кои и две деца.

Британскиот министер за одбрана Бен Валас го нарече нападот „различно злосторство“, додавајќи дека прецизни проектили биле насочени кон луѓето кои бараат хуманитарна помош.

Шефицата на британската дипломатија Лиз Трас изјави дека е „згрозена“ од нападот, додавајќи дека „нападот врз цивили е воено злосторство“, а „Путин и Русија ќе одговараат за ова“.

Нападот го осуди и Шарл Мишел, претседател на Европскиот совет, кој истакна дека е „ужасно“ да се види како проектилот погодил една од главните станици за евакуација на цивилите во регионот.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел, исто така, остро го осуди нападот, нарекувајќи го „нов обид да се затворат патиштата за бегство на цивилите од неправедната војна“.

Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки во разговор за Си-Ен-Ен зборуваше за „ужасни слики“

„Нападот врз украинската железничка станица е последното ужасно злосторство, извршено од Русија, а во кое се погодени цивили кои се обидуваа да се евакуираат и да стигнат на безбедно”, напиша Бајден на Твитер.