БАТИНЦИ ПОД ОПСАДА: Приведен опасен криминалец баран за обид за убиство, скокал од втори кат за да избега

Кога ги забележале полициските службеници, М.Џ. и Р.Р. се обиделе да избегаат скокајќи од втор кат на куќа, каде биле лоцирани, но веднаш биле лишени од слобода. При преглед кај М.Џ. е пронајден пиштол со рамка и девет куршуми, како и поголема количина пари, а кај Р.Р. пронајдени се 27 куршуми.

Полицијата денеска во Батинци приведе опасен криминаалец кој пред еден месец избоде момче во Студеничани.

По преземени опсежни мерки и активности на оперативниот тим за потраги при СВР Скопје, лицето е лоцирано и во координирана акција со Повеќе тимови од интервентната полиција буквално направиле опсада на Батинци и го уапсиле криминалецот, иако се обидел да бега скокајќи од втори кат на куќа.

Како што соопшти полицијата, денеска во 14:30 часот полициски службеници од Оперативен им Потраги во содејство со Единицата за интервентна полиција-СВР Скопје во скопското село Батинци ги приведоа М.Џ. (21) и Р.Р. (24) од Батинци.

М.Џ. бил баран со потерница во врска со чл.123 (убиство) од КЗ на РСМ. Кога ги забележале полициските службеници, М.Џ. и Р.Р. се обиделе да избегаат скокајќи од втор кат на куќа, каде биле лоцирани, но веднаш биле лишени од слобода. При преглед кај М.Џ. е пронајден пиштол со рамка и девет куршуми, како и поголема количина пари, а кај Р.Р. пронајдени се 27 куршуми. Лицата се приведени во полициска станица.

Link with us
Game bài đổi thưởng