Беџети за „Фокус“: Зголемувањето на платата е очекувано, но ќе предизвика проблеми!

Поделени се мислењата во Македонија по зголемувањето на минималната плата на 18 илјади денари, со оглед дека цените на одредени производи постојано растат во изминатите месеци.

Македонскиот економист и академик Адбулменаф Беџети во кратко интервју за „Фокус“ даде своја стручна анализа за оваа мерка, но и последиците кои би можеле да ги почувствуваме во иднина.

„Од социјален аспект, сметам дека оваа одлука е оправдана и очекувана, но и поради значителното зголемување на потрошувачката кошница во земјата, поради која најмногу се погодени луѓето од социјалните категории. Од политички аспект, е легитимно право и обврска на владата затоа што во понудената програма, токму тоа беше ветувано.

Оваа одлука ќе биде предизвик за работодавачите од поедини индустрии. Ќе има главоболки и во јавниот сектор. Ако оваа мерка не биде проследена со други мерки (субвенции и поддршка за иновации), верижните негативни ефекти ќе бидат структурален економски проблем“, смета Беџети.

Прашање е дали во ваква кризна состојба, оваа мерка е добра, а Беџети не ја гледа како издржливо решение во наредниот период.

„Мерката е неизбежна во оваа криза, но јас ја гледам како генератор на други проблеми. Проблемот нема да биде само еднократна висина од 18 илјади денари, туку во системот на периодична нивелизација со индексите на раст на цените на мало и на просечната плата. Токму сега ни е проблемот со увозната инфлација, која преку инпутите ќе се прелева во крајните продажни цени, на основа на која ќе треба да ја нивелизираме минималната плата. Идејата ми е секогаш „морковот треба да се нуди покрај стапот““, додава тој.

Она што ги загрижува граѓаните е пораст на стапката на инфлација во ваква кризна состојба, но Беџети вели дека зголемувањето на минималната плата нема да предизвика таков момент.

„Не мислам дека мерката би поттикнала инфлаторска спирала, затоа што во агрегатно ниво, тоа и не е некоја маса која би имала сила за инфлаторна спирала. Инфлацијата може да биде сериозен предизвик во 2022 година и кај нас, доколку не се случува смирување на цените.

Од друга страна, зголемување на глобалната заштеда би можела да ја поттикне агрегатната глобална побарувачка. Од трета страна, значајното зголемување на глобалниот јавен долг може да предизвика глобална должничка криза, што пак би имало сериозни последици преку потребните монетарни рестрикции“, го заврши разговорот Беџети.

sunwin

sun win

tải sunwin

sunwin

sun win