БЕГ ги повикува скопјани да штедат на греењето, гасот е за четири пати поскап, а набавките биле ограничени

Компанијата БЕГ, спротивно на реакциите на скопјани поради проблеми со парното греење тврди дека температурата што била измерена во домовите на граѓаните кои се пожалиле за време на празниците била во рамки на пропишаните правила, освен во еден објект каде била измерена внатрешна температура од 19,5 оC.

„Во врска со зачестените информации во медиумите во однос на квалитетот на централното греење, сакаме да истакнеме дека системот за централно греење со кој управува БЕГ е целосно во функција и испораката на топлинска енергија до потрошувачите е согласно Правилата за снабдување на топлинска енергија. Внатрешната температура кај потрошувачите се одржува на ниво од 20+1 оC и не се дозволува истата да падне под 20оC“, велат од БЕГ.

Компанијата информира дека од 6-ти до 9-ти јануари 2022 во диспечерскиот центар на БЕГ Снабдување регистрирани се рекламации на потрошувачи од 204 објекти, од вкупно 2.700 објекти кои се приклучени на системот за централно греење со кој управува БЕГ.

Во 39 објекти се констатирани технички неисправности во топлинските станици на објектите и истите се веднаш отстранети. Во останатите објекти од кои е рекламирано, извршено е мерење на внатрешната температура и констатирано е дека сите објекти имаат внатрешна температура еднаква или повисока од 20оC, односно испораката на топлина е во согласност со Правилата за снабдување. Само во еден објект измерена е внатрешна температура од 19,5 оC и во истиот е покачено нивото на испорака со цел да се постигнат пропишаните 20 оC.

„Ваквиот режим на испорака на топлинска енергија е оптимизиран, односно во споредба со претходниот период редуцирани се внатрешните температури на објектите кои претходно на барање на потрошувачите имаа повисоки температури од пропишаните. Во услови на енергетска криза и раст на цената на енергенсите, пазарната цена по која компанијата го купува приодниот гас е повеќе од 4 пати повисока од цената која е предвидена во тарифата. Групација БЕГ во моментов ги користи сите свои тековни средства за набавка на ограничени количини природен гас за неколку дневна испорака. Оттука произлезе неопходноста да се оптимизира режимот на испорака на топлинска енергија без притоа да се нарушат пропишаните критериуми, се со цел да се овозможи неопходното време надлежните институции да спроведат мерки за надминување на оваа енергетска криза, преку обезбедување на финансиски средства за набавка на природен гас и субвенционирање на домаќинствата приклучени на системот за централно греење, велат од компанијата.

Во услови на енергетска криза, компанијата апелира сите да ја штедиме енергијата и да не се троши повеќе од пропишаното согласно европските стандарди и домашната регулатива.

tải sunwin

game sunwin

tải sunwin

sunwin

sun win