БЕКИМ САЛИ: Итно ни треба нов клинички центар!

Граѓаните ќе изгубат многу доколку допрва се почне процедура за изградба на клинички центар на друга локација од веќе предвидената, истакна министерот за здравство Беким Сали во вечерашното гостување во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат, додавајќи дека лично тој ќе вложи максимален напор за власта и опозицијата да се согласат околу итноста на прашањето, односно новиот клинички центар да се изгради во Општина Ѓорче Петров.

– Секогаш една политичка партија кога дошла на власт или кога дошол нов министер имал некаква визија за нов клинички. И јас имам визија, но ние немаме време да губиме две години со правење нова физибилити студија, нови анализи… Немаме време за анализи. Тоа е залудно губење време. Страда и се мачи народот затоа што некој „икс“ министер сака да го спроведе својот модел. Се согласувам со тоа што е направено досега. Зошто не?! Ако тоа е функционално – кажа Сали.

Дали тоа било барање на поранешниот премиер Зоран Заев како услов за влезот на Алтернатива во власта, министерот одговари:

– Немало ниедно децидно барање дека клинички центар ќе се гради таму. Апсолутно не. Дали е во интерес на народот да започне таа изградба – да, јас сум согласен дека е така. Па било да е тоа и на друга локација или во друг град. Ако физибилити студијата покажала добри причини да се гради таму, јас не сум експерт за местото, јас можам да донесам политичка одлука за да почне изградбата. Сега засега мојата мисија е да ги усогласам двете групи, власта и опозицијата, да се согласиме дека итно ни треба нов клинички центар – рече министерот за здравство.

sun win

sun win

tải sunwin

sunwin

sunwin