БЕСПЛАТЕН ПАРКИНГ НА ПАРКИРАЛИШТАТА НА ЈП ПОЦ ЗА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ

Скопје, 29 април 2021 – Паркирањето во Општина Центар за време на Велигденските празници ќе биде бесплатно за сите граѓани на Р.С.М. Од 30.04. (петок) до 03.05.2021 година (понеделник) граѓаните ќе можат да паркираат без надомест на сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар.

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 04.05.2021 година (вторник) со вообичаено работно време.

Воедно, тимот на ЈП Паркинзи на Општина Центар им ги честита Велигденските празници на граѓаните од православна вероисповед.

Link with us
Game bài đổi thưởng