Билал Касами прогласи победа во Тетово, очекува поддршка во втор круг

Благодарам на активистите на движењето БЕСА и на граѓаните, за првпат одиме со оваа победа, без оглед на политичката припадност, очекуваме во вториот круг сите граѓани да застанат позади мене бидејќи за четри години Тетово ќе биде град каков што сакаме да биде , рече лидерот на свижењето БЕСА, Билал Касами.

– Еднаш засекогаш да ги затвориме темите како што е водата, чистотата, да зборуваме за иднината а не за минатиот век. Ние засега имаме коалиција со народот и нашата коалиција ќе биде само со народот, рече Касами одговарајќи на новинарско прашање дали планираат колаиција со некоја од партиите.

Генералниот секретар на Движењето БЕСА, Арјанит Хоџа и претходно објави победа на Билал Касами за градоначалник на Тетово.

Претходно, на прес-конференција, Движењето БЕСА соопшти дека имаат сигурна предност во повеќе општини. Според партиските информации, БЕСА победува во Бродец, Порој, Лисец, Безовце и Џепчиште.
Хоџа најави дека кандидатот на БЕСА ќе се бори за победа во вториот круг во Теарце.

sun win

sunwin

tải sunwin

sunwin

tải sunwin