Битиќи: За субвенционирана цена на регулираниот пазар на струја исплатени 240 милиони евра

Владата досега за субвенционираната цена на струја на регулираниот пазар исплати 240 милиони евра. Сите домашни капацитети се ставени во фунцкија за поголемо производство. Владата е посветена на обезбедување доволно енергенси за претстојната зима, истакна вицепремиерот Фатмир Битиќи во вечерашното гостување на ТВ Телма.

Според него, Владата со соседните земји постигнува договори за гарантиран увоз на струја и енергенси, но тие би се користеле само ако се исцрпат домашните извори на енергија.

Количините на јаглен кои Владата се обидува да ги обезбеди, како што појасни, е за да се гарантира дека ќе нема никакво нарушување во производството на електричната енергија. Подобро е да има меѓувладин договор дека ќе се обезеди јагленот, но, посочи, тоа не значи дека по секоја цена ќе биде купен ако имаме домашен ископ на доволни количини.

-Правиме дневни и месечни проекции колку е производството, колку е планот, колку планираме до крајот на годината за да следиме дали е потребно или не е потребно. Тоа што ќе имаш рамковен договор да кажеме од 600 илјади тони јаглен, не значи дека количините мора да ги донесеш ако количините на јаглен што се ископуваат од постоечките извори се доволни и тоа одговора. Дополнително, ако можеме да донесеме јаглен што ќе биде по цена која е пониска од берзанската и капацитетите се спремни да произведат ние ќе ја понудиме на стопанството, зошто да не?, рече Битиќи.

Тој повтори дека се бара продолжување на кризната состојба во енергетиката за да се обезбеди доволна флексибилност и механизми за справување со кризата.

Во производството на електрична енергија, со денешниот просек, како што рече, моментно сме за три проценти повеќе од планираното во вчерашниот ден.

-Со други зборови, имаме повеќе од планираното, 200 гигават часови електрична енергија. Значи, свесно сме влегле во повисоко планирање, го реализираме тоа во што сме влегле за да обезбедиме доволна количина струја дури сме отишле и повисоко. Ние ги следиме и затоа сме свесни дека мораме да обезбедиме, за да не дојде до ситуација, „ќе има врнежи, па нема да може 15 дена да се ископува јаглен од домашните ресусри, а да кажеме дека немаме и од надвор”. Или воведувањето на ТЕЦ Неготино во којшто треба одредени количини мазут, ние немаме од каде да го најдеме мазутот од надвор од соседните земји кои имаат можност дури да го донесат. Тоа се работи на договор, по цена којашто си е берзанска. Која е производната цена на електричната енергија од мазут, сме го презеле ризикот, ќе ја произведеме по која било цена за да обезбедиме, прво на тие што се на регулиран пазар, вишокот ќе го добијат нашите стопанственици, рече Битиќи.

Потенцирајќи дека Владата е посветена на обезбедување доволно енергенси за претстојната зима и потсети дека државата со 80 отсто ја субвенционира цената на електричната енергија за сите корисници на регулираниот пазар.

Како што рече, 653.000 домаќинства и 70.000 приватни субјекти кои се на регулираниот пазар се обезбедени со субвенционирана цена на струјата, која 100 отсто е од домашно производство. Досега за ова субвенционирање, наведе, се потрошени 240 милиони евра.

Link with us
Game bài đổi thưởng