Бизнисменот Кирил Лазаров регистрира три нови компании за еден ден

Еден од најпознатите македонски бизнисмени Кирил Лазаров, сопственик на националната агенција за обезбедување на лица и имот „НИКОБ“, која воедно е најголем домашен работодавач во Македонија, е основач на три компании во еден ден. Во друштвата за трговија со гас, производство на електрична енергија и трговија со опрема, младиот струмички бизнисмен е или сопственик или управител, а сите се регистрирани на иста адреса.

На 20 октомври го пријавил друштвото за трговија и снабдување со природен гас Арктек-Гас Дооел Скопје со седиште во Кисела Вода. Како дејност се наведува трговија на гас преку дистрибутивните системи, а засега се работи за микро претпријатие. Кирил Лазаров е впишан како управител.

На 20 октомври исто така е пријавено и формирањето на АРМ Технолоџи Доо Скопје, друштво за производство и трговија со специјализирана опрема, со седиште исто така во Кисела Вода. Покрај Лазаров, сопственици на ова претпријатие се уште и Томас Бровн од Лос Анџелес и Георге Витанов од Њујорк. Дејноста е посредување со трговија со разновидни производи.

На истиот ден е поднесена пријава и за основање на друштво за производство и снабдување со електрична енергија Арктек Био Енергија Дооел Скопје. Лазаров е исто така управител на претпријатието за кое е предвидено да произведува електрична енергија.

Блиски луѓе од неговото опкружување ни рекоа дека тоа се проекти кои се на самиот почеток од својот развој и дури по некое време ќе се види како ќе се одвива прогресот во нивната работа, односно дека уште е рано да се зборува за амбициите.

Агенцијата за обезбедување „НИКОБ“, чие седиште исто така се наоѓа во Кисела Вода, важи за петти најголем работодавач во Македонија и прв доколку не се сметаат странските инвеститори. Минатата година работеле 1.839 луѓе. Нивниот број во однос на претходната година е зголемен за 336.

Лазаров, инаку претседател на Македонско-бугарската стопанска комора, летоска беше добитник на признанието признание „Лидер на годината за Југоисточна Европа“. Признанието се доделува за лидерство во економијата и развојот, во интеграцијата на балканските земји во поширокото европско семејство.

ИЗВОР: ФАКТОР.МК

sun win

tải sunwin apk tải sunwin apk tải sunwin apk

sunwin.apk mới nhất

sunwin club

tải sunwin