Блинкен очекува војната во Украина да трае уште многу месеци: Украина нема да напаѓа цели на територијата на Русија

epa09801650 US Secretary of State Antony Blinken speaks as he is welcomed by European Commission President ahead of a meeting, amid Russia’s invasion of Ukraine, in Brussels, Belgium, 04 March 2022. EPA-EFE/YVES HERMAN / POOL
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска објави дека украинските власти го увериле дека нема да ги користат системите за оружје со голем дострел обезбедени од Вашингтон против цели на руска територија.

Американскиот претседател Џо Бајден одобри нова испорака на ракетни системи за Украина што можат прецизно да погодат цели на оддалеченост до 80 километри во рамките на пакетот оружје вреден 700 милиони долари што беше претставен денеска.

Претходно денеска Москва негативно го оцени новиот пакет американска воена помош за Украина.

Војната што Русија ја води во Украина ќе трае уште „многу месеци”, оцени денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

– Тоа би можело да заврши утре доколку Русија ја прекине својата агресија, но ние не гледаме никаков знак во таа насока во оваа фаза…се уште гледаме конфликт што ќе трае многу месеци, рече Блинкен на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во Вашингтон.

– Додека (војната) трае, сакаме да обезбедиме Украина да го има она што и треба да се брани и сакаме да се погрижиме Русија да почувствува силен притисок од максималниот број земји, додад е Бликен.

Шефот на американската дипломатија рече дека Украина им „дала гаранции” на САД за да гарантира дека новите ракетни системи што и ги вети Вашингтон нема да се користат за цел на Русија.

– Русија ја напаѓа Украина, а не обратно. Да бидеме јасни: најдобар начин да се избегне ескалација е Русија да стави крај на агресијата и војната што ја започна, изјави Блинкен на новинарите како одговор на критиките на Москва за новата американска испорака на оружје до Украина.

sunwin.apk mới nhất

sunwin

tải sunwin

sunwin sunwin.apk mới nhất sunwin web

sun win