Блокиран целиот имот на Трифун Костовски од страна на ОЈО

* реклами —————————————————————————————————————————————

————————————————————————————————————————————————-

Кривичниот суд му го блокирал целиот имот на еден од сопствениците на Еуростандард банка во стечај Трифун Костовски.Блокадата е на барање на Обвинителството за организиран криминал и корупција. Замрзнати му се хартии од вредност, сметки и недвижен имот на негово име како и на членови на неговото најтесно семејство.

Информацијата во колумна ја објави самиот Костовски.

„Почитувани, со завршување на предистражната постапка, мојот личен имот ми е комплетно блокиран. Говорам за имот кој е стекнат пред повеќе од 35 години, ама ако е во интерес на правдата и вистината, немам ништо против“, пишува во колумната објавена на порталот „Либертас“.

* реклами —————————————————————————————————————————————–

————————————————————————————————————————————————————
Костовски вели дека неговиот имот не е мал.

„Се работи за повеќе од 100 милиони евра – маса во која се наоѓаат парите на коминтентите на Еуростандард банка и парите кои ние како акционери ги инвестиравме во банката“, пишува Костовски.

Блокадата е на барање на Обвинителството за организиран криминал и корупција. Замрзнати биле хартии од вредност, сметки и недвижен имот на негово име како и на членови на неговото најтесно семејство.

* реклами —————————————————————————————————————————————

————————————————————————————————————————————————-

Отворена е предистражна постапка за четири лица, но обвинителството не споделува детали.

„Сега посегнаа да ми го блокираат имотот, бидејќи тоа е можноста да ја водам натамошната битка за вистината. Да појаснам што тоа значи: имам имот, не смеам да го отуѓам, а сакам да го отуѓам бидејќи ми се потребни финансиски средства за водење на оваа војна. Што уште остана да ми земат? Мојот живот? Им го нудам на тацна“, пишува Костовски.

Link with us
Game bài đổi thưởng