Бочварски побара извинување од Арсовски: Фирмата не аплицирала на тендер на општината

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски демантира дека неговата семејна фирма аплицирала на тендер на Општина Штип откако тој стана градоначалник пред околу 3 години.

„Фирмите на моето семејство постојат 25, 30 години, вработуваат луѓе и редовно исплаќаат плата. СДСМ покажува стандарди на одговорно и отчетно владеење, незамисливи за периодот зад нас. Злоупотребите нека си ги бараат кај себе во „Белата палата“, напиша тој на фејсбук.

Тој побара извинување од портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски, кој денеска изјави дека власта 3 дена молчи по објавување на информациите дека фирмата „Делукс“ на неговото семејство добила тендер од милион денари од општината еден ден откако тој станал министер.

sun win

sunwin tài xỉu

sunwin

sunwin

sun win