Бочварски: Семејството на Верица Белчовска која спаси 4 животи ќе добие стан во Струмица

– Имајќи ја во предвид бескрајната хуманост на семејството Белчовски чија ќерка Верица трагично загина во сообраќајна несреќа, а нејзините органи беа донирани, како скромно оддолжување кон ова семејство, денеска на седница на Комисијата за станбени прашања при Владата со која претседавам, едногласно одлучивме да им биде доделен на користење стан во општина Струмица.

Семејството Белчовски ги поместија вредностите во општеството, а граѓаните на Република Северна Македонија бескрајно им се благодарни за највисокиот чин на хуманост.

Фејсбук објава на на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски

Link with us
Game bài đổi thưởng