БОЧВАРСКИ: Заев е визионер како Глигоров, денешните генерации го вреднуваат неговиот труд, но убеден сум дека идните генерации ќе го гледаат бенефитот од денешните политики

Јас не познавам друг човек кој работи со толку многу енергија за својот народ, со многу трпение и со огромна желба да успееме, да нè биде, конечно да стигнеме таму каде што се бореле и работеле генерации и генерации наназад.

И многу пати кога навидум сме биле во безизлезна состојба, наоѓал излез. Секогаш е подготвен на свој грб да ги понесе тешките одлуки, но со сигурност тие одлуки ќе го запишат како политичар визионер, политичар на иднината. Денешните генерации го вреднуваат неговиот труд, но убеден сум дека идните генерации ќе го гледаат бенефитот од денешните политики.

Се сеќаваме сите, дека во 90тите години и Киро Глигоров беше мета на многу националисти, но денес недвосмислено сите ја вреднуваат неговата одлука и мудрост за мирно раздружување од поранешна Југославија без крвопролевање и жртви и неговата цел час поскоро да бидеме примени во ООН. Тоа беше исправната политика тогаш.

Денес најпатриотската политика на Зоран Заев и СДСМ е влезот во НАТО алијансата, обезбедена македонска држава со сигурни граници, македонци кои зборуваат македонски јазик, запишани во нашата лична карта во Обединети нации.

Затоа во вакви клучни времиња е исклучително важно да имаме мудро водство и лидерство кое ќе не однесе таму каде што ни е местото, во Европската Унија.
Одамна Германија и Франција седнале на маса и ги надминале историските разлики, денес се двете водечки сили во Европската Унија, затоа мораме да пробаме и ние со Бугарија.
А дали ќе успееме, ќе видиме, не знаеме, но мора да пробаме, со мудри и европски политики.

sunwin sunwin bịp

https://zoimas.com//profile/sunwinfan/about

thien duong giai tri go88 go88