Богдановиќ доби признание „Хуманист на годината“

Градоначалникот на Општина Центар го доби признанието „Хуманист на годината“ кое му го додели Здружението за хумано општествен развој „Проект среќа“, преку претседателката Кристина Петровски Арнаудова.

-Изминатава година остваривме многу заеднички проекти и помогнавме на лицата што живеат во социјален ризик во Општина Центар, а ќе продолжиме и понатаму со нови идеи за еднакво општество за сите-истакна Богдановиќ.

Тој најави дека текот на летниот период ќе биде објавен јавниот повик за остварување право на финансиска помош за потребите на проектот „Проект Куќа“, што ќе започне да се реализира на територијата на општина Центар, а ќе можат да аплицираат лицата со здравствени проблеми, еднородителските семејства и граѓаните што немаат финансиски средства за санирање на штетите настанати од пожар, поплава и други околности.

rikvip rikvip bản web

sunwin trực tuyến tải sunwin tại sunwin

rikvip rikvip play