Богдановиќ: Прифатив кандидатура за нов мандат, предложени се и Милена Стевановиќ, Ирина Бухова, Емилијан Станковиќ

„Ја поднесов кандидатурата за нов мандат до Општинската организација на СДСМ, останува дали во понатамошните процеси ќе ја добијам довербата. Засега не знам дали на Милена Стевановиќ ќе биде прифатена кандидатурата. Останати кандидати кои се предложени се Емилијан Станковиќ, Ирина Бухова, Горан Герасимовски.

Тие се предложени кандидати, прашање е дали ќе ја прифатат кандидатурата. До 5. јули е крајниот рок за тоа. Задоволен сум од тоа што го сработивме, сега по 3,5 години општина Центар не должи на никого, овој месец ќе затвориме и еден кредит кој е земен во 2012 година. 101% имаме остварени приходи, општината е стабилна, тоа говори дека имаме средства да ги реализираме сите зацртани проекти“ – вели Саша Богдановиќ, градоначалник на општина Центар во Студио 10 на ТВ24.

Link with us
Game bài đổi thưởng