БОГОЕВ ПОБАРА ОД ОЛИВЕР СПАСОВСКИ ДА ПРАТИ ПОЛИЦАЈЦИ ДА ДЕЖУРААТ КАЈ ДЕПОНИЈАТА КАЈ „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“

Паралелно со барањето до полицијата, Општина Карпош почна со чистење на депонијата, а и самата најави дека ќе испрати двајца комунални редари да дежураат по 16 часот. (Фото: Општина Карпош)

Градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев испрати барање до полицијата за зголемени патроли во близина на салата „Борис Трајковски“, како и евентуални дежурства во попладневните часови, за време на викендот и претстојните денови. Барањето на општината до СВР-Скопје следува откако претходните четири дена таму гори дива депонија.

Паралелно со барањето до полицијата, Општина Карпош почна со чистење на депонијата, а и самата најави дека ќе испрати двајца комунални редари да дежураат по 16 часот.

Од Општина Карпош соопштија и дека изминативе три години континуирано работи на чистење на депониите.

„Затворена е децениската депонија кај хотелот ‘Александар Палас’, во Злокуќани (кај фудбалското игралиште), како и во Бардовци (долж Лепенец). Исто така, целосно се исчисти и се израмни теренот кај мостот ‘Газела’, кој прераснува во нов парк. Борбата за почиста животна средина е борба на сите нас“, велат од Општина Карпош.

game sunwin game sunwin tải sunwin apk

game sunwin sunwin apk game bài sunwin

game sunwin tải sunwin sunwin tài xỉu

sun win

sun win