Богоевски до Апасиев: Свесна манипулација со правото и лечење на епски комплекси на пониска вредност

Павле Богоевски поранешен пратеник и граѓански активист, со одговор до пратеникот од Левица, Димитар Апасиев, кој на фејсбук објави дека бил запрен од полицаец иако како пратеник имал имунитет.

„Ајде сега збор-два за пратеничкиот имунитет.

Пратеникот ужива материјален и формален имунитет. И двата вида се предвидени со чл.64 од Уставот.

Материјален имунитет е заштитата од кривично гонење за искажано мислење или глас во Собранието. Тоа значи дека пратеникот не може никогаш да одговара за кажан збор од говорница или гласање во собраниска постапка.

Затоа, никогаш не може да има кривична одговорност за „интонирање на албанска химна од говорница“ – нешто што „некоординираната опозиција“ не пропушта да го побара во секоја можна прилика. Ниту пак, може да има одговорност за гласањето за името – барање кое на димче редовно му ги влажни сништата и подига лајковите.

Формалниот имунитет го штити пратеникот од притвор. Освен ако не е затечен при вршење кривично дело за кое е предвидена казна затвор од мин 5 години, пратеникот не може да биде притворен без Собранието да му го одземе имунитетот.

И, толку. Пратеничкиот имунитет не обезбедува никаква заштита од други оперативно-тактички мерки и истражни дејствија (преглед на лице, превозно сретство и багаж) и не го опфаќа однесувањето надвор од Собранието и собраниската говорница – посебно ако начинот на однесување, или возење укажува дека навистина е потребно да се провери дали возачот е под дејство на алкохол.

Сè друго е свесна манипулација со правото од позиција на авторитет и лечење на епски комплекси на пониска вредност.“, напиша Богоевски.

Link with us
Game bài đổi thưởng