Богојески до Апасиев: Ебате таа елита што ја тера баба си да пита!

КАКО СТАНАВ ЛЕВЧАР (АПАСИЕВ), ОДНОСНО ДЕСНИЧАР (БОГОЈЕСКИ)

Апасиев: Проклет да бидам, се сеќавам како вчера да беше, а еве скоро деценија помина. Тоа беше еден ден, што траеше цела година. Доцна есен. Тажно време. Сивило. Транзицијата нѐ покоси. Моите останаа на улица. Двајца студенти, четворица невработени.

Богојески: Благослов е и маката, се сеќавам како вчера да беше, а еве скоро деценија помина. Тоа беше еден ден, што траеше цела година. Доцна есен, со сиот свој раскош во бои. Транзицијата нѐ покоси. Моите останаа на улица. Двајца студенти, четворица невработени.

Апасиев: Станувам сабајлето. Ќе одам за Скопје. Да полагам испит. Спреман ми е по возови и автобуси, оти се нема пари за кирија. Ама се знае пустото. Од инат.

Богојески: Станувам сабајлето. Ќе одам за Скопје. Да полагам испит. Спреман ми е по рани утрински часови, оти секој ден се работи, за да се заработат пари за школување и кирија. Ама се знае пустото. Од љубов.

Апасиев: Новчаникот празен. Немам двеста денари за пат. За појадок и кафе ич не се ни помислуе. Луксуз е тоа за нас „провинцијалците“.

Богојески: Заработив доволно како амал во тутунскиот комбинат во Крушево. Цело лето, секое утро на дрва, за да не се арчи на огрев, да останат за школо. Талентиран студент, имам кредит и две стипендии. Заработувам и од Брима Галуп. Држам и шанк. Тешко е, но мора да се работи! Имам петстотини денари за пат. Ретко имам појадок, но за кафе не е проблем. Вредни сме ние „провинцијалците“.

Апасиев: Стутулен сум, a внатре вријам. Ми се урлика. Жими сѐ ќе убијам некого! Стварно. Баба ми, Бог да ја прости, се туфка. Оди кај комшиката Вера од спротива да позајми. ДВЕСТЕ ЕБЕНИ ДЕНАРИ. За внукот да ѝ полага у Скопје. Оти „учи детето“.

Богојески: Горд сум на себе, зашто сам заработувам и сам се школувам, a внатре пукам од енергија. Тешко ми е, се сам да постигнам, но тоа го држам само за себе. Не се жалам. Не ми се другите криви, биди маж и преземи си ја одговорноста за себе. Жими сѐ ќе работам и петта работа ако треба! Стварно. Баба ми, Бог да ја прости, горда на мене. Цела ноќ плете ракотворби, што за внуците, што за продавање. Заработува да има за семејството, но и на внукот да даде. ДВЕСТЕ ЕБЕНИ ДЕНАРИ. Ама чесно заработени и од срце дадени! За внукот да ѝ полага у Скопје. Оти „учи детето“.

Апасиев: Нешто се скрши во мене. Ги зимам. Понижено и бесно. Одам на станица. Купувам билет у еден правец. Знам. Повратниот е поевтин, ама нема. Се качувам. Седнувам покрај џамот. Ги кријам солзите, ама течат како споулавени. Не можам да ги контролирам. Од дете немав плачено. Сигурно нешто заебано ми се дешава. Гадно, а големо. Прелом!

Богојески: Остави бабо, имам доволно за оваа недела. Не бабе, земи ги, толку имам, толку можам. Нешто се скрши во мене. Ги зимам. Горд на неа. Одам на станица. Купувам билет во два правци. Знам. Повратниот е поевтин, а со разликата ќе пијам кафе на пауза. Се качувам. Седнувам покрај џамот. Ги кријам солзите, ама течат како споулавени. Не можам да ги контролирам. Од дете немав плачено. Сигурно нешто заебано ми се дешава. Гадно, а големо. Прелом!

Апасиев: Стигнувам на Правен. Сите се спремаат пред полагање, ја мртов ладен. Немам ни книга, ни бутур. Сум ја забораил у фрката. Зјапам ко нетокму у една точка. – „Шо ти е бе“? – ми викаат колегите. – „Ништо бе“, викам. „Малце сум изморен. Учев синоќа до касно“. Како не бе. Лажам. Никогаш не учев ден пред испит.

Богојески: Стигнувам на Филозовски. Сите се спремаат пред полагање, јас насмеан правам шеги. Да опуштам атмосфера. Имам книга и потсетник. Не сум ја забораил у фрката. Не зјапам ко нетокму у една точка, туку влегувам како лав на испит. – „Шо ти е бе“? – ми викаат колегите. – „Ништо бе“, викам. „Онака лабаво. Журка синоќа до касно“. Не лажам. Никогаш не учев ден пред испит.

Апасиев: Влегувам и положувам. Десетка кај Шкариќ. Од прва. Оти преполагањето е за бубачи.

Богојески: Влегувам и положувам. Десетка кај Проева. Од прва. Оти преполагањето е за бубачи.

Апасиев: Излегуваме. Сите одат на кафе. Да се почастат и зезаат. Ме викаат и мене. Ги лажам дека не ми се пие, дека имам „работа“. Фатив да шетам накај Карпош. Сам. Без цел. Од причина што е појака и од целта и од смислата.

Богојески: Излегуваме. Сите одат на кафе. Да се почастат и зезаат. Ме викаат и мене. Земам едно од нога, никогаш не ги лажам колегите, дека имам „работа“. Фатив „двојка“ накај Карпош. Сам. Со цел. Од причина што е појака и од целта и од смислата. Одам на состанок да земам нова нарачка од Галуп. Теренска анкета. Ќе останат минимум 500 марки.

Апасиев: Се мотам ко мува без глава, а длабоко медитирам. И пцујам. Ебате државата која ја заболе за децата на стечајците кои нeмаат пари да си ја платат партиципацијата. Ебате системот кој и најдобрите студенти ги гледа само како уплатница. Овде нешто смрди. Не, не… Не може вака! Нешто длабоко не е во ред. Нешто од корен треба да се смени. Да се исече. И пак да се засади.

Богојески: Секогаш знам каде одам и со која цел. Никогаш не се мотам ко мува без глава, а немам време да медитирам. Тоа е за неработници. Но пцујам. Ебате власта која ја заболе за децата на стечајците, кои нeмаат пари да си ја платат партиципацијата. Ебате системот кој и најдобрите студенти ги гледа само како уплатница. Овде нешто смрди. Не, не… Не може вака! Нешто длабоко не е во ред. Нешто од корен треба да се смени. Да се исече. И пак да се засади.

Апасиев: Сум талкал цел ден. На стемнување заплискува дожд. Ме потсетува дека е време за дома. Купувам билет со стоте денари шо ми останаа. Се прибирам. Вечерта легнувам да спијам. Капнат уморен, ама освестен. Социјално и класно. Од таа ноќ веќе ништо нема да биде исто. Автентичниот политички активизам мора да почне, оти идиоти ни ја креираат судбината! И тогаш, и сега.

Богојески: Сум работел цел ден. Се видов и со другари и со девојчето. Да почестам, Пројка сум ја прошол. Тоа е бре половина факултет. Влезен во филм дека после тоа, се можам. На стемнување заплискува дожд. Ме потсетува дека е време за дома. Имам повратен билет, зашто не сум идиот да плаќам два билети во по еден правец. Се прибирам. Прво одам кај баба ми да се пофалам и да кажам фала за се. Вечерта легнувам да спијам. Капнат уморен, ама освестен. Како човек и работник. Од таа ноќ веќе ништо нема да биде исто. Автентичниот политички активизам мора да го продолжам, оти идиоти ни ја креираат судбината! И тогаш, и сега.

Апасиев: Неколку години потоа се случи „ЛЕНКА“. Движењето кое им објави војна на уфирцаните партиски подмладоци и на НВО-паразитите. И уште трае. И ќе трае. Оти тек сеа почињаме. Оти нема да дозволиме и нашите деца да плачат по возови. Ете затоа, ЌЕ (ГИ) ПОБЕДИМЕ! Тоа ни е од Рацин аманетот.

Богојески: Пред неколку години се случи „УМС“. Младинско движење кое им објави војна на лигавите дувачи, галени синчиња, платени партиски подмладоци и на НВО-паразитите. И уште трае. И ќе трае. Оти тек сеа почињаме. Оти нема да дозволиме и нашите деца да плачат по автобуси. Ете затоа, ЌЕ (ГИ) ПОБЕДИМЕ! Тоа ни е од Рацин аманетот.

Димитар Апасиев

Link with us
Game bài đổi thưởng