БОЈАРОСКИ: Се наоѓаме на пресвртна точка која ја означува границата и на нас е дали ќе го направиме чекорот што води кон иднината што се отвора зад таа граница или ќе останеме заглавени во минатото заради историските сидра

Историјата не е догма па да ѝ робуваме и да ѝ дозволиме да не заглави во минатото.

Ако некогаш некоја влада или администрација, сеедно, била дел од фашистичката оска, хипотеката за тоа не треба ѝ се припишува на народот. Никој не може да му го одземе правото на тој народ, заради иднината, да каже дека тој дел од сопственото минато го остава зад себе во контекстот на тие историски околности.

Впрочем не е само Бугарија. Пакт со Третиот рајх имаа склучено и југословенската влада (Цветковиќ-Мачек), Шпанија со Франко, Франција со владата од Виши со Петен, СССР стави потпис на договор за ненапаѓање, Италија со Мусолини, Јапонија…

Историјата не е догма. Има многу празнини или со црно прекриени места во историографијата зашто, по правило, ја пишуваат победниците.
Има многу примери во историјата на 20 и 21 век како се прави исчекор зад пресвртната точка. Франција и Германија ја избришаа границата и не само што ставија крај на стогодишната војна, туку и ја обединија Европа да го следи тој пример. Германија и Полска си простија
Во име на иднината си простија.

Ако не постапеа така, има ли некој одговор до кога синовите, внуците и сите идни генерации треба да го носат печатот на нувните татковци и дедовци?
Нема. Единствено решение е пресвртната точка која сами ја одредуваме и за која заеднички се договараме. Ја одредуваат тие што имаат силна причина да го направат тоа.
Зборовите се остри како ножеви, но тие ќе бидат заборавени, или само некои од нив ќе останат бледи сеќавања. Само делата ќе останат и тие ќе сведочат зошто се преземени некои чекори.

Link with us
  • sunwin truc tiep sunwin doi thuong sunwin
  • dang nhap rikvip tải rikvip danh bai rikvip
  • go88vipvn go88 go88 info apk
Game bài đổi thưởng