БОМБА НА ДЕНКО МАЛЕСКИ, ГО СПОРЕДИ ЗАЕВ СО ГОЛЕМИОТ ПОЛСКИ ЛИДЕР ЛЕХ ВАЛЕНСА: Дали е Зоран Заев на прагот да оствари уште еден подвиг после оној со Грција?

* реклами ——————————————————————————————————————————————-

—————————————————————————————————————————————————

Вредноста на ова последно отворање на Зоран Заев кон Бугарија е што ја стави бугарската политика пред невозможна дилема: дали да остане на ветото и „да го пушти Заев низ вода“ предизвикувајќи криза во Македонија или да се откаже од ветото и со владата на Заев да соработуваат во наредните четири години. Со определени писмени гаранции од наша страна, мислам дека изборот е јасен, пишува Денко Малески во колумна за „Плусинфо“:

„Ако крајот покаже дека сум бил во право, она што се зборува против мене нема да значи ништо. Ако крајот покаже дека сум згрешил, нема да ми помогне и десет ангели да се заколнат дека сум имал добри намери“.

* реклами —————————————————————————————————————————————–

—————————————————————————————————————————————————

Овие зборови на Абрахам Линколн ја отсликуваат дилемата на политичарот соочен со судбински одлуки. Ја отсликуваат и дилемата на Зоран Заев соочен со македонско-бугарскиот проблем. Едно заспано општество, чија интелигенција никако да разбере дека за да се обезбеди нов европски континуитет на македонската нација и држава потребен е прекин со определени пракси и поведенија, беше шокирано од зборовите на Заев кои го потресоа децениското статус кво.

Во интервјуто довчерашниот крвник, Бугарија, Заев ја прогласи за наш најголем пријател. Не знам дали ваквиот став е последица на сеќавањата од младоста кога се дружел со комшиите од Бугарија на меѓуграничните средби или од дружењето со политичарите од Западна Европа денес, но Заев е во право, зашто од аспект на меѓународната политика, Бугарија има потенцијал да стане наш (нај)важен стратешки партнер на Балканот. Згора на тоа, една мала земја како нашава и нема избор во Европа без граници освен да се отвора кон соседите. Оттаму, добро би било нашата интелигенција да се подготви за новата соработка, но и натпревар кој ја чека ако сака, во допир со поголемата бугарска култура, да го одбрани нашиот јазик и нашата посебност. Алтернативата да лежиме во ладовина и да останеме последната „конзерва“ на Балканот не постои. Европските и светските процеси се такви што насила ќе нѐ отворат.

Југословенската приказна, која ја сакав и за која се залагав да продолжи во некаков сојуз на суверени држави, заврши. Заврши на еден бестијален начин кога федерацијата на рамноправни народи беше растргната од нацонализми настрвени да ги израмнат ненаплатените сметки од историјата. Да, од историјата.

* реклами ——————————————————————————————————————————————-

—————————————————————————————————————————————————–

Разумните зборови на Глигоров да се редефинираат односите меѓу народите беа заглушени од хистеријата на националистите кои бараа насилно уривање на федерацијата. Иако веќе ја нема, од таа југословенска приказна се роди македонската држава. После столетно колебање дали постои или не постои македонската нација, беше прогласено нејзиното раѓање од страна на македонските и југословенските комунисти. Тогаш почнува нашата најнова историја и од неа нема да се откажеме зашто тоа би значело да се откажеме од себеси и да предизвикаме повторно посегање на околните држави по нашата земја и нашите души. За друго треба да бидеме спремни да разговараме и во светлината на новите факти да го менуваме мислењето. Таков ревизионизам на историјата кој почива врз нови факти, нови откритија и нови докази ѝ е потребен на секоја демократска земја која сака да живее во вистина. Потребен ѝ е и на Македонија чија историографија мора да се усогласи со светскиот и европскиот наратив за македонската нација.

Отпочнување на преговорите со ЕУ е прашање од животна важност за Македонија. Заради стабилноста, безбедноста, просперитетот, демократијата, фундаменталните слободи и владеењето на правото. Лексиката и тонот на интервјуто на македонскиот премиер слободно оставете ги на страна. Политиката има една поинаква логика од онаа на научните дебати. Тоа го знам од искуство. Не големите интелектуални умови на Полска туку електричарот Лех Валенса го изведе превратот во земјата.

* реклами ——————————————————————————————————————————————-

—————————————————————————————————————————————————–

Вредноста на ова последно отворање на Зоран Заев кон Бугарија е што ја стави бугарската политика пред невозможна дилема: дали да остане на ветото и „да го пуши Заев низ вода“ предизвикувајќи криза во Македонија, или да се откаже од ветото и со владата на Заев да соработуваат во наредните четири години. Со определени писмени гаранции од наша страна, мислам дека изборот е јасен. Дали е Зоран Заев на прагот да оствари уште еден подвиг после оној со Грција?

Ако крајот покаже дека бил во право, сѐ што се зборува против него нема да значи ништо. Ако крајот покаже дека згрешил, нема да му помогне и десет ангели да се заколнат дека имал добри намери. Сепак, меѓу толку кои си гледаат сеир, малку почит за некој кој земал ваков ризик на себе. И да, ќе дојде време кога Бугарија ќе ѝ се извини на Македонија за сојузот со Хитлер и злоделата направени врз нашите граѓани. Како се прави тоа ни покажаа политичари од Западна Европа.

Колумната оригинално е објавена на „Плусинфо“.

Link with us
Game bài đổi thưởng