БОМБА НА ФОКУС: Кировски си заминува од Телма, се спрема ли за директор на МТВ?

Досегашниот директор и уредник на Телма, Атанас Кировски си заминува од кормилото на телевизијата, дознава „Фокус“.

Според нашите информации, тој своето официјално заминување го најавил на вчерашниот состанок со колегите во телевизијата, но не дал никакво објаснување зошто и каде заминува. Во јавноста, во последниот период се шпекулира дека се спрема за нов директор на МТВ, па затоа и решил да ја напушти досегашната позиција.

„Фокус“ се потруди да стапи во контакт со Кировски, но тој досега не одговори на нашите прашања.

Кировски веќе седма година како ја предводи телевизија Телма, односно од 2014 година, по пензионирањето на тогашниот директор Ристо Лазаров.

Link with us
Game bài đổi thưởng