МАРИЧИЌ: ЕУ НИ ДОНИРАШЕ 22 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЕКОЛОШКИ ЈАВЕН ТРАНСПОРТ ВО ГРАДОВИТЕ ШИРУМ ЗЕМЈАТА

ЕУ за „Интеграција на Зелен транспорт во градовите“.

? Заштитата на животната средина не е само една од секторските политики на Европската Унија, туку и основа на сите други јавни политики и е тесно поврзана со економскиот и социјалниот развој.

? Затоа и Унијата нè поддржува преку ИПА фондовите да ги постигнеме своите еколошки цели и постепено да ги подига на ниво на стандардите на ЕУ.

? Проектот „Интеграција на Зелен транспорт во градовите “ од Програмата за прекугранична соработка со Грција 2014-2020 помеѓу Општина Битола и Општина Ресен од македонска страна и Општина Преспа, Општина Флорина, Технолошкиот образовен институт на Западна Македонија (TEIWM) и Универзитетот од Патра (UPAT) од Република Грција, во вредност од 1.017.627,40 евра, има за цел да ја промовира зелената електромобилност во јавниот транспорт, а ќе резултира со:

– Обезбедување на четири (4) електрични минибуси и четири (4) комунални автомобили кои ќе префрлаат туристи, студенти и персонал на релации што ќе бидат дефинирани, како и жители, особено постари, инвалиди и далечни жители, по барање.

– Ќе бидат проектирани и имплементирани четири (4) надворешни паркиралишта поддржани од обновливи извори на енергија (ОИЕ).

– Преку користење на паметни телефони,на паркинзите за е-минибуси ќе биде распоредена интелигентна апликација за транспорт Client-Server.

– Оптимално распоредување на рути за превоз на туристи, стари лица, персонал и студенти, ќе го олесни решавањето на проблемот со кој се соочуваат општините во преку-граничниот регион.

♻️ Проектот „Зелен транспорт“ ги исполнува идите и заложите за заштита на животната средина и делува како пример за идна интеграција на слични иновативни инфраструктурни системи во општините, со цел да имаме почист воздух и активна употреба на електрични возила. Важно е да се намали емисијата на штетни материи во воздухот и тоа е она за што сите треба да се бориме.

Како дел од проектот “Интеграција на зелен транспорт во градовите”, во тек се работни активности за поставување на фотонапонски панели на кровот на Спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола и поставување на станица за полнење на електрични возила.

? Вкупниот буџет на ИПА Програмата за прекугранична соработка со Грција 2014-2020 изнесува 45.470.066 евра ? ЕУ и национално финансирање, а скоро половината, 22.735.032 евра ? се искористени во проекти од втората приоритетна оска – Заштита на животната средина-транспорт.

? Европската Унија останува најголем донатор во земјава, која во периодот од 2007 па сè до денес инвестирала близу 100 милиони евра во земјата, што е уште еден јасен и кредибилен показател дека ЕУ ја поддржува интеграцијата на Северна Македонија и регионот, поттикнувајќи го развојот на локалните економии и инфраструктурата.

✅ Нема отстапување од транзицијата кон чиста, циркуларна економија и мерките за запирање на климатските промени, за целосно постигнување на целите од Европскиот зелен договор, кој е клучен за процесот на европска интеграција.

sun win

tải sunwin

sunwin.apk mới nhất sunwin sunwin apk

sunwin

sunwin apk sunwin tài xỉu game sunwin